Mercedes го претстави своето ново теренско чудо од возило – моделот G63 AMG 6×6. Како основа послужила воената верзија G класа со погон на 6 тркала, Mercedes G320 CDI.
Германската компанија ја искомбинирала конструкцијата од военото возило со 6 тркала, што се базира на G класа, со AMG технологија, со што на потрошувачите би им понудиле врвна цивилна верзија теренец so 6×6 погон.
Кај Mercedes G63 AMG 6×6 се е предимензионирано во однос на стандардните теренци. Возилото има маса 3,775 кг и тркала од 37 инчи.
Моторот е 5,5 литарскиот V8 со 550 КС, а ќе се продава по цена од 450 илјади евра.