(ВИДЕО) Медведев повторно со скандал: Ќе останам во тоалет да моч*м 25 минути

Од:

Рускиот тенисер Данил Медведев направи скандал иако немаше потреба за тоа, а неговиот предлог е еден од најлудите што дошле од еден светски тенисер.

Медеведев кој важи за еден од најспецифичните тенисери на денешницата предизвика мал скандал на мечот против белорускиот тенисер Илја Ивашка, на турнирот во Индијан Велс.

Тие двајца одиграа три сета по што Русинот се избори за мечот против Саша Зверев во следната рунда, а натпреварот го одбележа и дебатата меѓу Данило Медведев и Мохамед Лајани. Рускиот тенисер сметаше дека теренот е побавен отколку што би сакал, и поради тоа има право да се задржи дури 25 минути во тоалет!

Ќе одам во тоалет и ќе мочам бавно како овој терен. Ќе ми требаат 25 минути. Теренот е бавен, па и јас ќе бидам бавен“, изјави Данил Медведев, што не му се допадна на судијата Мохамад Лајани.

„Мораш да го прифатиш тоа, ти си професионалец“, му одговори судијата, што само дополнително го налути Данил, кој продолжи:

„Не го прифаќам ова. Пишува дека ова е тврда површина, но тоа не е тврда површина“.

Би можело да ве интересира

Рускиот тенисер Данил Медведев ја брани титулата на турнирот во Дубаи

Рускиот тенисер Данил Медведев се повлече од турнирот во Доха

(ВИДЕО) Медведев на „столбот на срамот“ поради средниот прст: Ги проверував ноктите

Уште еден шок во Париз: Испадна и Медведев

Предраг Петровиќ

Шок за Медведев во Шангај

Предраг Петровиќ

Која е сопругата на рускиот тенисер која беше нерасположена во текот на целиот меч со Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ