Рускиот тенисер Данил Медведев направи скандал иако немаше потреба за тоа, а неговиот предлог е еден од најлудите што дошле од еден светски тенисер.
Медеведев кој важи за еден од најспецифичните тенисери на денешницата предизвика мал скандал на мечот против белорускиот тенисер Илја Ивашка, на турнирот во Индијан Велс.
Тие двајца одиграа три сета по што Русинот се избори за мечот против Саша Зверев во следната рунда, а натпреварот го одбележа и дебатата меѓу Данило Медведев и Мохамед Лајани. Рускиот тенисер сметаше дека теренот е побавен отколку што би сакал, и поради тоа има право да се задржи дури 25 минути во тоалет!
“And I’m gonna be as slow as the court is, so you can take 25 mins… oh no no but the court is slow so I go slow, I take my time” – Daniil Medvedev 💀 pic.twitter.com/ELo55WkrZW
— A✨ (@_fazahsn_) March 13, 2023
Ќе одам во тоалет и ќе мочам бавно како овој терен. Ќе ми требаат 25 минути. Теренот е бавен, па и јас ќе бидам бавен“, изјави Данил Медведев, што не му се допадна на судијата Мохамад Лајани.
„Мораш да го прифатиш тоа, ти си професионалец“, му одговори судијата, што само дополнително го налути Данил, кој продолжи:
„Не го прифаќам ова. Пишува дека ова е тврда површина, но тоа не е тврда површина“.