ВИДЕО: Масовна тепачка меѓу фудбалерите на натпревар во Србија, десет црвени картони

Од:

Насилни сцени се забележани на натпреварот од Војводинската лига „Исток“ што се одигра во српскиот град Наково меѓу домашните Полет и Напредак од Честерег.

Видени се неверојатни 10 црвени картони, а српските медиуми истакнуваат дека ваков настан нe се памети на ниту еден фудбалски натпревар во оваа земја.

Откако главниот судија на натпреварот Марко Марковиќ го означи крајот на натпреварот во кој домашните победија со резултат 3:1, на стадионот изби масовна тепачка помеѓу фудбалерите.

Следеше страшна навалица на некои фудбалери кои втрчаа во толпата со копачките.

За среќа имаше неколку полицајци кои брзо интервенираа и ја смирија ситуацијата.

Немилите сцени предизвикаа големо внимание во Србија и нема сомнеж дека ќе следат бројни казни по целосна анализа на се што се случи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брутален нокаут во САД ги „освои“ социјалните мрежи

Пијастри ја покори Кина

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ