Фудбалерите на Мали освоија бронзен медал, откатко денес ја совладаа репрезентацијата на Гана во натпревар за третото место на Купот на африканските нации.
Својата добра игра фудбалерите на Мали ја крунисаа во 21-та минута кога Самаса му донесе предност на својот тим, додека на почетокот во второто полувреме во 48-та минута Сејду Кеита го дуплираше водството.
Гана имаше можност да се врати во игра кога 10 минути подоцна беше досуден пенал во нивна корист, но Вакасо биеше непрецизно, сепак во 82-та минута Асамоа донесе намалување на резултатот (2-1), а до крајот нивната иницијатива не вроди со плод, па Дијара во судиското продолжение ги постави конечните 3-1.