Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми вечерва го одигра последниот натпревар за Динамо Загреб. Тој цели 13 години го носеше дресот на „модрите“, стана рекордер по освоени трофеи и европски настапи, а кариерата ќе ја продолжи во Пекинг Гуан.
Капитенот на македонскиот национален тим Стефан Ристовски го испрати со гол за победа против Ријека, а тој заврши на рацете на своите соиграчи.
…Otac sina za ruku uhvati
sine, danas ćemo pobjediti! 💙Sretan Dan očeva! 🦁#dinamozagreb pic.twitter.com/EbTPYuSUQE
— GNK Dinamo (@gnkdinamo) March 19, 2023
„Мислев дека нема да дојде овој ден и дека тука ќе ја завршам кариерата. Ова беа моите најубави 13 години од животот. Ваква трема не сум имал во последните десет години. Сепак, среќен сум и горд на сѐ што постигнавме. Ова не е збогум, само довидување, затоа што не сум завршил со Динамо. Ќе се вратам да ја завршам работата и да земам европски трофеј со овој клуб“, изјави Адеми.