ВИДЕО: Македонија убедлива против Гибралтар

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Гибралтар со 4:0 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, во четвртото коло од Лигата на нации.

Избраниците на Благоја Милевски почнаа фуриозно и постигнаа четири гола за половина час, а потоа малку го намалија интензитетот.

Енис Барди го отвори резултатот во четвртата минута од слободен удар, а десет минути подоцна асистираше за погодокот на Бојан Миовски со удар со глава.

Напаѓачот беше стрелец и на третиот гол, додека четвртата реализација ја имаше Дарко Чурлинов во 31.минута од мечот.

На овој натпревар дебитираа и неколку нови имиња, Валон Етеми, Бојан Димоски, Енис Фазлагиќ и Томче Гроздановски.

Би можело да ве интересира

Македонија ја победи Малта со 2:1

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фудбалските репрезентативци ја почнуваат операцијата „ЕВРО 2024“

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Селекторот Милевски го објави списокот за дуелите со Финска и со Азербејџан: Се враќаат Несторовски и Николов

Фудбалерите до 17 години поразени и од Луксембург на турнирот во Скопје