[staff name=”Емир Латифовиќ” position=”Автор”][/staff]
Со головите на Горан Пандев, Агим Ибраими и Николче Новески Македонија ја совлада Данска, које 23. селекција на ФИФА ранг листата со 3:0 на пријателскиот натпревар што вечерва се одигра на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје.
„Црвено-жолтите“ одиграа максимално ангажирано во првото полувреме и за 24 минути го решија прашањето на победникот.
Ова е еден одличен тест за избраниците на Јаневски пред мартовскиот двомеч против Белгија од квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година.
Белгија е прва на табелата со 10 поени, исто колку и Хрватска на второто место, а Македонија и Србија имаат по 4 поени, петта е селекцијата на Велс со 3 поени, а последна е Шкотска со 2.