Македонската фудбалска репрезентација обезбеди историски пласман на Европско фудбалско првеНство. Нашиот национален состав ќе биде дел од контиенталниот шампионат што ќе се одржи следното лето во неколку европски држави.
Успехот дојде по победата над Грузија во финалето на Лигата на нации со 0-1. Голот на капитенот Горан Пандев во 56 минута беше пресуден за големиот триумф. Одличната акција за погодокот ја почна Елиф Елмас, а ја круниса Пандев на половина час до крајот од средбата.
Во првото полувреме двете селекции одиграа крајно резервирано, без многу прилики за гол. Една шанса во нашиот табор имаше Пандев. По нашиот гол домаќините речиси и да немаа одговор и македонската селекција ја одбрани победата.
На Европското првенство, македонската репрезентација ќе игра во група со Австрија, Холандија и со Украина.