ВИДЕО: Македонија со гол предност по првото полувреме

Од:

Македонската фудбалска репрезентација со гол предност го заврши првото полувреме на натпреварот против Исланд откако Езѓан Алиоски постигна гол во седмата минута.

Во 40 минута од првото полувремето Дарко Чурлинов постигна гол, но истиот беше поништен поради минимален офсајд.

Нашите фудбалери со триумф вечерва на Национата арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе обезбедат историски бараж во мундијалските квалификации пред жрепката што е закажана на 26 ноември.

Македонската репрезентација влегува во завршното коло во квалификациската група Ј како второпласирана со 15 бодови, еден повеќе од третопласираната Романија, која вечерва од 20:45 часот му гостува на Лихтенштајн.

Пласман на Мундијалот од групата Ј веќе обезбеди Германија, заедно со Франција од групата Д, Белгија (група Е) и Данска (група Ф).

Директен пласман на завршниот турнир во Катар обезбедуваат првопласираните репрезентации во десетте квалификациски групи, додека второпласираните, задно со уште две репрезентации преку Лигата на нации, квалификациите ќе ги продолжат преку бараж пресметки во март идната година.

Би можело да ве интересира

Канатларовски: Заслуживме бод, момците одиграа многу храбро и со голема пожртвуваност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фудбалерите со „Земјо Македонска“ го прославија пласманот во баражот за СП 2022

Ана Ололовска

Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме

Ана Ололовска

Пендаровски им честиташе на фудбалерите за победата против Исланд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Историска победа на фудбалската репрезентација на Македонија

Ана Ололовска

Милевски го објави составот, капитенот Ристовски се враќа во тимот

Ана Ололовска