Португалскиот играч Педро Гонкалвеш постигна фантастичен гол во осминафиналето на Лигата на Европа против Арсенал речиси од центарот на теренот, а нема сомнеж дека овој гол ќе биде еден од најубавите во овогодинешното издание на сите натпреварувања на УЕФА.
Споменатата ситуација се случи во 62. минута кога играчите од средниот ред на Арсенал, Џака и Жоргињо лошо искомбинираа во центарот на теренот, а откако Педро Гонкалвеш ја прекина топката, постигна одличен гол.
Откако ја повлече топката неколку метри, одлично шутираше со десната нога и ја погоди мрежата на Арсенал, враќајќи го својот тим во игра и израмнувајќи го резултатот на 1:1.
Потоа, до крајот на регуларните 90 минути и потоа во продолженијата немаше голови, па патникот во четвртфиналето беше одреден по изведувањето на пенали, каде подобро поминаа гостите од Португалија.
Трагедија за Арсенал беше Мартинели кој промаши во четвртата серија, по што Сантос од Спортинг постигна гол и го однесе својот тим во следната фаза.