(ВИДЕО) Луда прослава во македонската соблекувална: Вие не сте нормални

Од:

„Вие не сте нормални“, им рече селекторот Благоја Милевски на македонските фудбалски репрезентативци во соблекувалната по победата од 0-2 над Ерменија на гостувањето во Ереван. Фудбалерите еуфорично го прославија триумфот и на теренот и во соблекувалната.

Фудбалската репрезентација на Македонија ја победи Ерменија со 0-2, со головите на Бојан Миовски и на Исник Алими и речиси го осигура првото место на табелата кое води во Лигата Б, досега највисоко ниво во кое ќе игра нашиот национален тим.

Покрај тоа, остварен е историски резултат, три победи во низа без примен гол. Ова се случува првпат во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал.

Можеби и најважно, Македонија сега има 10 бода и уште два меча пред себе на домашен терен, а тоа се потенцијални 16 бода, со кои многу веројатно би биле и една од четирите најдобри селекции во Лигата на нации, а за нив има место во дополнителни бараж натпревари и борба за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Би можело да ве интересира

Директорот на А-фудбалската репрезентација Дени Масев е во притвор

ВИДЕО: Македонија убедлива против Лихтенштај, навивањето запре во 59. минута во чест на жртвите во Кочани

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија води против Лихтенштајн, натпреварот почна со минута молк

Катерина Ѓуровски

Во спомен на настраданите: Фудбалерите ќе носат маици “Кочани, 16.03.2025”

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите со темни дресови, фалангата со црни маички за мечот на Македонија против Лихтенштајн

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации