Пред неколку дена стигна потврда од страна на италијанската агенција Ansa, која се повикува на свои извори во компанијата за производство на спортски автомобили. Хибридниот Lamborghini Urus, сепак ќе се појави наскоро во сериско производство.
Вкупната моќност на системот ќе биде 670 КЅ, ќе биде хибрид, а батериите за електромоторите ќе можат да се полнат од обичната електрична мрежа.
Извршниот директор на Lamborghini, Стефан Винкелман, одби да потврди, но и не ги негираше информациите за создавање на хибридна верзија на Urus.