Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ноќеска се вратија на победничката патека во НБА лигата, откако пред своите навивачи го совладаа Голдн Стејт и ја прекинаа серијата од три порази. Ова за нив беше 12. победа во низа на домашен терен, а имаат биланс 17-3.
Најдобар поединец на натпреварот беше Крис Пол со 27 поени и 9 асистенции, а соработка имаше и од Блејк Грифин, кој постигна 20 поени.
Резултати на ноќешните НБА натпревари: Атланта – Бостон 81:89, Орландо – Њујорк 106:114, Индијана – Милвоки 95:80, Бруклин – Сакраменто 113:93, Кливленд – Хјустон 104:112, Минесота – Портланд 97:102, Далас – Њу Орлеанс 96:99 (продолжение), Сан Антонио – Филаделфија 109:86, Денвер – Јута 110:91 и Лос Анџелес Клиперс – Голден Стејт 115:89.
Вечерва се играат натпреварите: Торонто – Оклахома Сити, Мајами – Вашингтон, Детроит – Шарлот, Феникс – Мемфис и Лос Анџелес Лејкерс – Денвер.
Пласман Источна конференција: Мајами 22-9 (победи-порази), Њујорк 23-10, Атланта 20-12, Индијана 20-14, Чикаго 18-13,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 25-7, Л.А.Клиперс 27-8, Сан Антонио 27-9, Мемфис 20-10, Голден Стејт 22-11,…