ВИДЕО: Кривична пријава за албански тренер кој тепал и навредувал млади фудбалери во Лач

Од:

Поранешниот тренер и член на техничкиот персонал на фудбалски тим „У-17“, од албанскиот град Лач, Ндуе Таражи, заработи кривична пријава за „малтретирање на малолетници“.

Тој ќе одговара пред Судот во Крбин, а пријавата му е поднесена откако претпладне беше приведен, по објавувањето на шокантно видео кое кружи на социјалните мрежи и на кое се гледа како тој ги тепа и навредува играчите по изгубен натпревар.

– Бесен на своите играчи, додека им кажува кој бил виновен за време на натпреварот, почнува да ги удира младите играчи кои седат пред него. Во еден момент, еден од играчите, не можејќи да издржи повеќе, плачејќи станува од местото. Снимките се навистина засрамувачки, констатира тиранската телевизија Топ чанел.

Видеото е снимено во 2016 година кога Таражи (77) бил тренер на фудбалскиот клуб во Лач.

– Како не ви е срам, нечесници, кловнови. Сакате да играте фудбал во Лач. Загари. Нели ви реков да влезете со менталитет на победник, се дел од зборовите кои ги користи тренерот.

Освен тоа, додека ги удира младите фудбалери, Таражи употребува и погрдни зборови.

Би можело да ве интересира

УЕФА ја казни Албанија затоа што навивачите ја исвиркаа на химната на Франција

Ана Ололовска

Албанија го отпушти Панучи

Ана Ололовска

КАС ја потврди казната од 10 години за Скендербег

Ана Ололовска

Скендербег доби десетгодишна суспензија од УЕФА

Наум Локоски

Тренерот на Влазнија избоден со нож во Скадар

Наум Локоски

Србија ја победи Албанија со 2 : 0

А1он