ВИДЕО: Ким Џонг-ун во Јужна Кореја ќе испрати армија убавици

Од:

Северна Кореја на Олимписките игри кои идниот месец ќе се одржуваат во јужнокорејскиот град Пјонгчанг, освен спортисти ќе испрати и „армија убавици“.

Како што известуваат јужнокорејските медиуми, голема група на девојки ќе им прават друштво на спортистите и политичарите кои ќе присуствуваат за време на Олимписките игри. Тие се дел од ограничениот број на луѓе на кои им е дозволено да ја напуштат таа земја.

Девојките кои патуваат како навивачи имаат улога за подобрување на односите со Јужна Кореја и со остатокот на светот.

Како што пишува британски „Идепендент“, многу севернокорејски политичари веруваат дека успехот на спортистите е директно врзан за навивачките.

Бројот на девојки кои ќе патуваат во делегацијата на Северна Кореја е многу поголем од бројот на спортисти. Националните навивачки се избираат поради нивниот изглед и атрактивност. Тие треба да бидат млади студентки и да бидат вистински следбеници на севернокорејската идеологија.

На почетокот на новиот век дел од „армијата убавици“ беше и Ри Сол Ју, сегашната сопруга на лидерот Ким Џонг-ун.

Претходно се случувало дел од навивачите да бидат уапсени, откако раскажувале дека виделе како се живее убав живот во другите држави. Девојките кои патуваат треба да се однесуваат како да патуваат во непријателска земја и не смеат да зборуваат за тоа што ќе го видат таму.

Би можело да ве интересира

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета