Еден од највпечатливите потези од годинешниот НБА-плејоф беше забележан на ноќешниот натпревар меѓу Лос Анџелес Клиперс и Денвер Нагетс, кога ѕвездата на Клиперси, Кавај Ленард, успеа да го блокира бекот на Денвер Џамал Мареј, користејќи го само средниот прст.
Ленард е познат по големите шаки и долгите прсти, кои му помогнаа да израсне во еден од најдобрите одбранбени играчи во лигата.
„Видов дека тргнува во продор и знаев дека морам да го запрам,“ го коментираше Ленард потегот по завршувањето на мечот. Клиперси победија со 114:107 и поведоа со 2:1 во плејоф-серијата.