ВИДЕО: Катастрофален пораз од Велс, дадовме еден, примивме седум голови

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе тежок пораз од 7-1 на гостувањето кај Велс во последното коло од квалификациите за Мундијалот 2026. Хери Вилсон беше главната фигура на натпреварот со три постигнати гола, а нашиот тим во најголем дел од мечот беше во подредена улога.

Велшаните отворија агресивно и уште од првите минути покажаа дека ќе одат на брзо водство. Дејвид Брукс во петтата минута шутираше над голот, но во 18. минута успеа да изнуди пенал, откако Стојчевски благо стартуваше врз него по асистенцијата на Даниел Џејмс. Вилсон ја презеде одговорноста и сигурно реализираше за 1-0.

Само три минути подоцна, Бренан Џонсон од левата страна се ослободи, му додаде на Брукс, а овој го зголеми водството на 2-0.
Но Македонија веднаш успеа да се врати во игра: во 23. минута, Велковски одлично го пронајде Миовски, кој влезе во казнениот простор и со прецизен удар погоди за намалување на резултатот.

Велс продолжи со притисок. Неко Вилијамс беше близу до нов гол, но Стојан Димитриевски интервенираше одлично, а и стативата помогна. Сепак, во 37. минута, Џонсон со силен удар од околу 25 метри ја погоди горната левица за 3-1.

До крајот на полувремето, Барди се обиде од слободен удар, но Дарлоу беше подготвен и ја исфрли топката во корнер.

Македонија на пауза замина со два гола негатива, што требаше да се надоместат за да се избегне пораз во Кардиф.

На стартот од вториот дел, Барди имаше уште една шанса, но одбраната на Велс го блокираше обидот. На другата страна, Брукс веднаш возврати со опасен удар, кој Димитриевски повторно успешно го одбрани.

Во 57. минута, Велшаните ја изведоа најубавата акција на мечот, а Даниел Џејмс ја заврши со погодок за 4-1. Нивната доминација продолжи, а Вилсон во 75. минута со прецизен слободен удар зголеми на 5-1.

Само неколку минути подоцна, во 81. минута, Вилсон го комплетираше својот хет-трик, реализирајќи уште еден пенал, откако Велковски направи прекршок во шеснаесетникот.

На крајот, Нејтан Бродхед го постави конечниот резултат 7-1, заокружувајќи ја доминантната вечер на Велс.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење