На 14-та етапа на Тур де Франс, која го означува влезот на Алпите, се случи голем карамбол во трка на која учествуваа десетици возачи. Најмалку десетина велосипедисти паднаа на влажниот асфалт.
🇫🇷🚲 – La 14ᵉ étape du Tour de France à été neutralisé après une chute massive dans le peloton quelques kilomètres après le départ. #TDF2023 pic.twitter.com/c1e8QRcenu
— Hugo & Quentin | L’info des ados (@InfoHugoQuentin) July 15, 2023
Најлошо мина Луис Ментјес кој ја скрши клучната коска. Во болница на носилки биле пренесени и Антонио Педреро и Естебан Чавез, а брзата помош во болница ги пренела останатите возачи кои се здобиле со тешки повреди.
Поради ова, трката мораше да биде прекината на кратко.
Исто така, нешто подоцна, на 25-от километар падна и Ромен Барде, кој исто така мораше да се откаже и да биде префрлен во болница поради повреди, исто како и Џејмс Шо, кој падна на истото место.