(ВИДЕО) Каевски: Со изградбата на затворениот пливачки базен и реконструкцијата на кугланата го реализираме повеќегодишното барање на битолчани

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, заедно со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, направија увид во градежните активности на затворениот пливачки базен, како и на реконструкцијата на кугланата во спортска сала „Боро Чурлевски”.

„Многу сум задоволен од динамиката на градежните активности на овие два проекти на Агенцијата за млади и спорт, затворениот пливачки базен и кугланата. Со заедничка соработка и партнерски пристап помеѓу централната и локалната власт можеме да ги испорачаме очекувањата како на битолчани, така и на сите граѓани на нашата држава“, изјави директорот Каевски.

Изградбата на пливачкиот базен е реализација на Агенцијата за млади и спорт на повеќегодишното барање и потреба на граѓаните од Битола. Дополнително, овој базен ќе им овозможи на младите да се занимаваат рекреативно со еден од најздравите спортови, пливањето, но и можност да го изберат како своја професионална определба. Базенот чини 43 милиони денари и е дел од проектот „Изградба на 14 пливачки базени”.

Целосната реконструкција на кугланата во Битола ќе овозможи современи услови за тренинг и работа на сите куглари и кугларски вљубеници, како и одржување на национални и меѓународни натпревари во комплетно реновиран, модерен спортски објект.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски