Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон попладнево ја забележа јубилејната 100-та победа во шампионатот во Формула 1. Британецот беше најбрз во Сочи на трката за Големата награда на Русија.
Ton up for Lewis ?#RussianGP #F1 pic.twitter.com/4nVUm1IeRg
— Formula 1 (@F1) September 26, 2021
Седумкратниот Ф1 шампион, по петти пат во кариерата победи на руското Гран при. Претходно, Британецот го освои шампионатот во Сочи во 2014, 2015, 2018 и 2019 година.
Второто место му припадна на возачот на Ред Бул, Макс Верстапен. На третото место се најде претставникот на „Ферари“ Карлос Саинц.
Неколку круга пред финишот, пилотот на Мекларен, Ландо Норис беше во водство, но по инцидентот на патеката тој го загуби водството и на крајот заврши на седмото место.