ВИДЕО: Јагуар ги претстави едноседот Проџект 7

Од:

Британскиот производител на возила „Јагуар“ во чест на легендарниот модел Д-Тајп, кој победи на трката Ле Манш 1956 и 1957 година, го претстави својот нов едносед Проџект 7.

Моделот Проџект 7 развива 300 километри на час и е инспириран од легенардниот победник на Ле Ман.

Инженерскиот тим на Јагуар новиот Проџект 7 го базираа на моделот Ф-Тајп, но каросеријата е значително олеснета и подобрена е аеродинамичноста.

Проџект 7 името го носи по седумте победи на Јагуар на трката Ле Ман во периодот од 1951 до 1990 година, со легендарниот Д Тајп. Совозачкото седиште е отстрането, а на негово место се наоѓа простор за кацигата на возачот.

jaguarprojekt

Под хаубата се наоѓа 5-литарски турбо В8 мотор со 540 коњски сили, а силата се пренесува на масивните 20 инчни тркала преку осумстепен менувач. Автомобилот забрзува од 0 до 100 километри на час за само 4,1 секудна и достигнува максимална брзина од 300 километри на час, што е електронски ограничена.

jaguarprojekt1

– Автомобилот има само една намена. Да се вози брзо и да се ужива во него. Спортските автомобили на Јагуар се познати по исклучителните перформанси и чистиот дизајн. Проџект 7 го отсликува овој дух во неговиот најчист облик, изјави Иан Калум, шеф на дизајнерите на Проџект 7.

jaguarprojekt2Јагуар Проџект 7 засега е само концепт, а своето деби ќе го има на Гудвуд фестивалот на брзината во Велика Британија.

jaguarprojekt4

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on