Судирот во првиот круг од трката за Големата награда во Велика Британија, ги вознемири љубителите на Формула 1, кои што го следеа уништувањето на болидите во кои што беа Кими Раиконен и Фелипе Маса.
Возачот на Ферари трката ја започна од 20-тото место, а по излетување од патеката удри во заштитната ограда, а на неговиот болид налета Бразилецот.
Иако Раиконен беше во многу поопасна ситуација, пред да излезе од уништениот болид, праша дали Маса е добро. За тоа сведочи и објавата на „Твитер“, на Ферари.
-Само го видов болидот пред мене. Кими удри и се движеше кон мене, а јас свртев десно, но ме удри. Болидот е многу оштетен-рече Маса по несреќата.
Е. Г.