(ВИДЕО) Избегната тепачка меѓу тренерот и капитенот на Милан

Од:

Фудбалерите на Милан ја совладаа Парма во 22. коло од италијанската Серија А со резултат 3:2 (1:1). „Росонерите“ дојдоа до триумф со два гола постигнати во судиското надополнување.

Сепак, по натпреварот имаше искра на теренот.

Тренерот на Милан, Португалецот Серхио Консеисао се судри со капитенот Давиде Калабрија, кој играше се до 77. минута кога беше заменет со српскиот фудбалер Лука Јовиќ.

Тоа очигледно не му се допадна, како и тоа што не е стандарден во тимот од доаѓањето на Консеисао за тренер.

Камерите ја снимија пресметката меѓу Консеисаи и Калабрија додека го напуштаа теренот:

Откако „ги оладија главите“, Калабрија се извини за своите постапки.

– Искрено, ова се работите што се случуваат на теренот, недоразбирање меѓу нас двајца, многу ни е грижа за овој натпревар. Адреналинот беше доста висок и ги расчистивме работите – едноставно се разбравме меѓу нас. Ние се погриживме за тоа, нема да биде прв или последен пат да се случи вакво нешто. Тоа е вообичаено во фудбалот. И јас се извинувам затоа што не е убава работа. Најважен е тимот и пресвртот што се случи и нашата победа – изјави Калабрија.

Би можело да ве интересира

Навивачите го свиркаа Ибрахимовиќ, тој му даде отказ на тренерот Фонсека

А1он

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

Ново засилување во Милан

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Голманот колабира пред мечот на гигантите, телевизискиот пренос прекинат

Предраг Петровиќ

Милан има нов напаѓач

Предраг Петровиќ