ВИДЕО: Ирскиот борец го провоцираше Чимаев и за малку ќе настрадаше

Од:

Иан Мачадо Гари имаше одлична вечер во Катар. Откако со едногласна одлука на судиите го победи Белал Мухамед, Ирецот го искористи моментумот за да го повика шампионот во велтер категорија Ислам Махачев.

Сепак, она што следеше зад сцената ги засени сите настани, жестока расправија и туркање со неоспорениот ѕвер во средна категорија Хамзат Чимаев.

По натпреварот, Гари се упати кон него да му честита на Арман Царукијан за неговата импресивна победа над Ден Хукер. И токму таму, во аголот на ерменскиот борец, се најде лице в лице со Хамзат Чимаев.

Она што започна како кратка размена на зборови набрзо ескалираше. По лесно „тапкање“ по грбот, се појави недоразбирање. Чимаев го турна Гари, а обезбедувањето мораше да реагира за да спречи посериозна физичка пресметка.

„Ќе те е*ам“, извика Чимаев додека се разделуваа, Гари возврати додека се повлекуваше. Ирскиот борец продолжи со вербалните напади на прес-конференцијата каде што истакна дека Чимаев се однесува како дете.

Тој му упати и закана и истакна дека еден ден сигурно ќе го победи.

Патем, победата на Гари синоќа беше 17-ти триумф во неговата кариера и тој сега има скор од 17-1 и јасно побара борба за титулата во велтер категорија со Ислам Махачев.

Чимаев, кој го предизвика на крајот од мечот, останува со совршен резултат од 15-0 и го држи шампионскиот појас во средна категорија.

Синоќа беше во аголот на Арман Царукијан, кој го победи Ден Хукер со сабмишн во втората рунда и со тоа испрати јасна порака дека сака да го нападне шампионот во лесна категорија, Илија Топурија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Катастрофален пораз од Велс, дадовме еден, примивме седум голови

Предраг Петровиќ

40 кошаркарски табли за 40 години НЛБ Банка – Донација за основните училишта по повод Месецот на штедење

Кај Ламин Јамал ​​откриена тешка за лекување болест: Се јавува кај фудбалерите и може да ги уништи

Само четири играчи во историјата успеаја да постигнат она што го направи Никола Јокиќ на почетокот од новата сезона

Почина Илија Темелковски

Беше мисица и модел, а сега е кандидат да ја преземе Формула 1

Предраг Петровиќ