На четвртиот натпревар од четвртфиналната серија против Реал Мадрид вечерва во Белград, кошаркарите на Партизан излегоа на теренот во комплетно црна опрема, а на дресовите е испишано името на ОУ „Владислав Рибникар“, каде вчера, на Врачар се случи грозоморното убиство на осум деца и еден член на обезбедувањето.
— OvoOno (@OvoOnoX) May 4, 2023
Навивачите држат бели рози, на почетокот имаше минута молк, а кошаркарите на двете екипи порачаа дека овој натпревар се игра во чест на загинатите деца.
No comment pic.twitter.com/yJABS2yftv
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) May 4, 2023
Не беше интонирана химната на Евролигата, а „Гробари“ порачаа дека нема организирано да навиваат во првото полувреме од натпреварот.
— OvoOno (@OvoOnoX) May 4, 2023
Партизан и Реал се борат за место на Ф4 турнирот. Белградскиот тим води во серијата со 2-1 во победи, ако слави вечерва ќе оди меѓи најдобритеч етити екипи. Ако победи Реал ќе има мајсторка во Мадрид в среда.