ВИДЕО: Илија Топурија брутално го нокаутира Макс Холовеј

Од:

Неверојатниот шпанско-грузиски борец дури успеа да го нокаутира Макс Холовеј, борец кој досега во кариерата не загубил на тој начин, иако се бореше со многу елитни нокаутери. Фантастичниот бокс на Топурија повторно ја направи разликата.

Така, Топурија ја забележа својата 16-та победа во исто толку професионални настапи и влезе во историјата бидејќи стана првиот борец кој го нокаутира Макс Холовеј, кој зад себе има 34 професионални ММА настапи.

Топурија е жесток навивач на Реал Мадрид и негов сон е да се бори на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Инаку, во моментите кога Топурија го нокаутираше Холовеј, Реал Мадрид губеше со 4:0 од најголемиот ривал Барселона, но Топурија ќе најде утеха во маестралниот настап што го приреди на настанот УФЦ 308.

Победата на овој настан ја прослави и Хамзат Чимаев кој го нокаутира Роберт Витакер и го потврди статусот на еден од најдобрите борачи кои зачекориле во рингот на УФЦ.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“