Галатасарај го совлада тимот на Елазигспор со 1:0 во турската лига. По овој натпревар Галата доби херој, а тоа е никој друг туку играчот за врска Фелипе Мело.
Откако голманот на гостите доби црвен картон, немаше замени и Мело застана меѓу стативите и го одбрани пеналот.