Турнир во мал фудбал кој деновиве се одржуваше во Радовиш во салата „25 Мај“ заврши со масовна тепачка во која се инворлвирани речиси сите присутни на настанот. Турнирот се одржуваше по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
На видеото од тепачката се гледа дека во салата е комплетен хаос. Луѓе трчаат, се бркаат и летаат предмети и столчиња од трибините.