Нов пожар на местото на досегашниот кај Радовиш

Од:

Доцна попладнево е подметнат нов пожар на местото на досегашниот пожар кај Радовиш и се приближува кон неколку викендици на местото „Реката“.

Веста за МИА ја потврди командирот на ТППЕ Радовиш, Александар Кулишиќ, кој додаде дека големиот пожар од попладнево е ставен под целосна контрола, но сега проблем е подметнатиот кој се обидуваат со сите сили да го запрат.

Според сопственици на викендиците, новиот пожар е дојден на стотина метри до нив.Тие информираат дека војници и пожарникари дежураат околу викенд населбата и се обидуваат да ги заштитат нивните имоти.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов денеска објави дека пожарот кај Радовиш е ставен под целосна контрола, благодарение на радовишките пожарникари, градоначалникот на Радовиш и локалното население кое даде голема поддршка во справувањето со овој пожар.

Пожарот во близина на село Штурово над Радовиш, на планината Плачковица, започна да гори вчера од 16:20 часот.

Би можело да ве интересира

Осум пожари на отворено, три сè уште активни

ВИДЕО: Драма кај Требиње: Пожарот се доближи до селата, пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Активен е еден пожар, седум изгаснати

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати

(ВИДЕО) Прогласена e вонредна состојба во Лос Анџелес по пожар во магацин