По пауза од 56 години, екипата на Гвадалахара го освои шампионскиот трофеј во КОНКАКАФ купот, откако рано утрово во финалето го совлада Торонто по подобро изведување пенали.
Мексиканците и покрај предноста од првиот дуел (2:1) и водството од 19. минута со голот на Орбелин Пинеда, на крајот дојдоа во ситуација на изведување удари од 11 метри. До нив гостите од Канада стигнаа со головите на Жози Алтидор (25.минута) и Себастијан Џовинко (44.минута).
Трагичар на натпреварот е Марки Делгадо кој во последните минути пропушти одлична шанса да му го донесе трофејот на својот тим.
За клубовите од Мексико ова е десетта последователна титула во КОНКАКАФ Лигата на шампиони.