Видео: Грифин го „сруши“ Портланд со тројка во последната секунда

Од:

Со кош постигнат со звукот на сирената, Блејк Грифин донесе победа за Лос Анџелес Клиперс ноќта меѓу четврток и петок на гостувањето кај Портланд. Конечниот резултат е 104:103.

Двете екипи постојано се менуваат во водството за да влезат во драматична завршница. Последниот напад го имаа Клиперс при водство на Портланд со 103:101. Тогаш на сцена стапи најдобриот гостински играч кој мечот го заврши со 25 поени вклучувајќи ја и победничката тројка, осум скока и пет асистенции.

Во поразениот тим се истакнаа Демијен Лилард со 25 и Си-Џеј Меколум со 23 коша.

ЛА Клиперс имаат максимални четири победи од почетокот на сезоната во НБА лигата, Портланд е со биланс три победи и два пораза.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот