Бразил го победи Ел Салвадор со убедливи 5:0 ноќеска во пријателски натпревар одигран во Вашингтон, САД. Најзаслужен за триумфот на „кариоките“ е Нејмар кој постигна еден гол и оствари три асистенции.
Покрај Нејмар во листата на стрелците се запишаа Ричарлисон два пати, Кутињо и Маркињос.