ВИДЕО: Фудбалските репрезентативци ја почнуваат операцијата „ЕВРО 2024“

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија ги почна подготовките за мечот против Малта в четврток, со кој националниот тим го отвора новиот циклус квалификации за Европското првенство 2024 во Германија.

Селекторот Благоја Милевски и репрезентативците го одржаа првиот тренинг, за старт на подготовките во пресрет на квалификацискиот меч против Малта на 23. март во Скопје.

Националниот тим се очекува да се комплетира во текот на утрешниот ден.

На 27.март, Македонија ќе одигра и пријателски натпревар против Фарски Острови.

Ново име во националниот тим е Давор Здравковски, интернационалецот од Кипар, кој своевремено беше капитен на младата селекција до 21 година.

„Секое момче кое ќе почне да игра фудбал во оваа држава има еден сон, да стане А – репрезентативец на Македонија. Мило ми е што сум дел од ова семејство, подготвен сум да се ставам во функција на тимот и се надевам дека ќе бележиме успеси“, изјави меѓудругото Здравковски по првиот тренинг.

Покрај Малта во нашата квалификациска група се и Англија, Италија и Украина.

Би можело да ве интересира

Миовски донесе победа за Македонија против Фарски Острови

Катерина Павлова-Николовска

Македонија ја победи Малта со 2:1

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Селекторот Милевски го објави списокот за дуелите со Финска и со Азербејџан: Се враќаат Несторовски и Николов

Фудбалерите до 17 години поразени и од Луксембург на турнирот во Скопје