(ВИДЕО) Фудбалерите на Модрича среде меч втрчаа на трибина и се тепаа со навивачите

Од:

Голем инцидент го одбележа натпреварот од 24. коло од Првата лига на Република Српска помеѓу Модрича и Лакташ. Модрича победи со резултат 3:2, но самиот резултат остана во сенка на хаосот што се случи во првото полувреме на теренот и трибините на стадионот во Модрича.

По еден прекршок кој беше досуден за домашните во првото полувреме настана општ хаос на теренот, па судијата Мирослав Бјелица беше принуден да покаже дури четири црвени картони. Во домашниот табор „поцрвенеа“ официјалниот репрезентативец Ненад Лазарески, резервниот голман Марко Ѓуриќ и фудбалерот Стефан Плеваљчиќ, а од другата страна беше исклучен Никола Бабиќ.

За жал, тоа не беше крајот. Нередите од теренот набрзо се префрлија на трибините на стадионот во Модрича. Исклучените фудбалери на домашната екипа наседнаа на провокациите на гостинските навивачи, па решија физички да се пресметаат со нив.

Тие „втрчаа“ на трибината и се степаа со група навивачи на Лакташ.

Погледнете како тоа изгледаше:

Би можело да ве интересира

Голема тепачка во Аеродром, се истепале шестмина познаници

Две момчиња се истепале во Градскиот парк во Скопје

Државен правобранител учествувал во тепачка на деца и возрасни во Струга, има обвинение за пет лица

Горан Наумовски

Маж од Аеродром бил истепан од 24-годишно момче од Скопје

Насилници во Драчево нападнале маж и тројца малолетници

Хорор во Грција: Го претепале и го фрлиле од тераса