Во италијанската Серија А, натпреварот меѓу Удинезе и Рома во Удине беше прекинат бидејќи по нешто повеќе од еден час игра при резултат 1:1, францускиот дефанзивец на Рома, Еван Ндика колабираше и падна на теренот држејќи се за гради. Ндика беше изнесен од теренот и пренесен во болница. Според инталијанските медиуми доживеал срцев удар.
Evan Ndicka incident, stay strong 🙏 pic.twitter.com/CvcMeuHB43
— stinker (@stinkerdjene) April 14, 2024
Во моментов нема сигурни информации за неговата состојба, а натпреварот нема да продолжи.
The game between Udinese and Roma has been called off following a medical incident involving Evan Ndicka ❌
📺 @tntsports & @discoveryplusUK pic.twitter.com/4m0rqQv31j
— Football on TNT Sports (@footballontnt) April 14, 2024
Првично имаше притисок натпреварот да се игра, но тренерот на Рома Даниеле Де Роси одби. Откако размислуваше на теренот, тој го повлече тимот во соблекувалната. Ндика има 24 години и летово пристигна во Рим од Ајнтрахт Франкфурт.