Олександар Усик остана светски шампион во тешка категорија според најважните боксерски организации откако во Ријад го победи Тајсон Фјури. Украинскиот боксер победи со едногласна одлука на судиите по 12 рунди, а сите тројца судии крај рингот ја оценија борбата 116:112 во корист на 37-годишниот шампион. Фјури, сепак, смета дека е оштетен од таквата одлука.
Фјури веднаш по прогласувањето на победникот го напушти рингот.
Tyson Fury reacts to his rematch defeat to Oleksandr Usyk 🗣️ #UsykFury2 x #RiyadhSeason pic.twitter.com/CZtbQJKPGw
— Sky Sports Boxing (@SkySportsBoxing) December 21, 2024
„Се колнам, мислев дека јас сум победник и дека разликата беше три рунди во моја корист. Бев сигурен дека славам, цело време бев пред него. Ова се случува кога нема нокаут. Судиите му дадоа предвремен божиќен подарок на Усик. Чувството ми е дека бев подобар во двете наши борби. Знаев дека треба да го нокаутирам, но тоа е бокс и вакви работи се случуваат. Во мојата глава нема ни најмала сомнеж дека победив во овој меч”, рече Британецот кој сега покрај 34 победи и една борба без победник има и два пораза во кариерата.