ВИДЕО: Емил Павлов освои сребро на Светското првенство во Дубаи

Од:

Македонскиот каратист Емил Павлов попладнево на претпоследниот ден од Светското првенство во Дубаи го освои сребрениот медал, откако во финалето во категоријата борби до 67 килограми загуби од апсолутниот шампион Стивен Дакоста од Франција со 0-8.

Актуелниот олимписки, светски и европски првак заслужено ја одбрани светската титула, а Павлов и покрај поразот го постигна најголемиот успех на личен и репрезентативен план, освојувајќи го вториот медал во историјата на светските првенства за македонското карате, по бронзата од 2010 година во Белград на актуелниот репрезентативен капитен Жарко Арсовски.

Двократниот европски првак од Тампере 2014 и Нови Сад 2018 на патот до најголемиот успех во кариерата дојде со пет победи над Матеј Хомола од Словачка, Садридин Сајматов од Узбекистан, Јорданецот Абдалах Хамат, Али Елксави од Египет и Унгарецот Мартиал Тадиси.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје