Лука Дончиќ синоќешната победа Далас на гости кај Атланта (148-143) ќе ја памети цел живот бидејќи го одигра – мечот на кариерата.
Фантастичниот Словенец средбата ја заврши со 73 поени, со што им се приклучи на Вилт Чембрлен и на Коби Брајант, кои се единствено со повеќе поени. Центарот на ЛА Лејкерс во далечната 1962 година 100 поени против Њујорк, а Коби му даде 81 поен на Торонто во 2006 година. Третиот рекорд исто така му припаѓа на Чембрлен, кој постигна 78 поен против Лејкерс во 1961 година, а Дончиќ четвртото место на вечната листа на најдобри стрелеци во НБА лигата го дели со Дејвид Томпсон, кој во 1979 година исто така постигна 73 поени.
Словенецот шутираше со неверојатни 25/33 од поле, од кои 8/13 беа за три поени, а на овој натпревар имаше и 10 скока и седум асистенции.