ВИДЕО: Дјурант и Вестбрук донесоа нова победа за Оклахома Сити

Од:

Кошаркарите на Оклахома Сити предводени од тандемот Кевин Дјурант и Расел Вестбрук остварија нова победа над Хјустон и поведоа со 2-0 во серијата до четири победи.

Двајцата ноќеска во триумфот на својот тим од 105:102 постигнаа по 29 поени и во сенка го оставија ефектот на Џејмс Харден, кој за Хјустон постигна 36 поени со 11 скокови.

Индијана и во вториот натпревар дома ја победи Атланта со 113:98 додека Сан Антонио слевеше над Лос Анџелес Лејкерс со 102:91.

Вечерва на програмата се натпреварите: Милвоки – Мајами (0-2 во победи), Чикаго – Бруклин (1-1) и Мемфис – Лос Анџелес Клиперс (0-2).

Со овие дуели почнуваат третите натпревари од 1.коло на плеј офот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ