Дидие Дрогба имаше деби од соништата во дресот на Галатасарај каде што премина во зимскиот преоден рок. Во дуелот од 22 коло од турската лига Галатасарај триумфираше на гостувањето кај Ахисар Беледие со 1-2.
Репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска во игра влезе во 63-та минута и само 7 минути му беа потрени да постигне водечки гол, а потоа и да асистира за дуплирање на предноста за својот тим. Домаќините во 85-та минута го постигнаа единствениот гол со кој го поставија конечниот резултат.