Данска останува на светскиот ракометен трон откако во финалето на мундијалот во Египет славеше над Шведска со 26-24. Данците се и актуелни олимписки шампиони, ја имаат титулата од Игрите во Рио во 2016 година.
Голаманот Никлас Ландин со 15 одбрани и Микел Хансен со шест гола беа лидери во успехот на Данска.
???? Le Danemark sacré Champion du Monde 2️⃣0️⃣2️⃣1️⃣ ? ⭐️
— HandNews (@HandNewsfr) January 31, 2021
Данците успеаја првата опиплива предност да ја направат во 50 минута од средбата кога се одлепија на три гола предност. До крајот успеаја да ја задржат позитивата. На полувремето беше израмнето 13-13.
Претходно во дуелот за третото место, Шпанија ја совлада Франција и ја освои бронзата.
Финалистите Данска и Шведска имаат најмногу играчи во тимот на првенството што го објави ИХФ:
– Лево крило: Хампус Ване (Шведска)
– Лев бек: Микел Хансен (Данска)
– Среден бек: Јим Готфридсон (Шведска)
– Десен бек: Матијас Гидсек (Данска)
– Десно крило: Феран Соле Сала (Шпанија)
– Пивот: Лудовик Фабрегас (Франција)
– Голман: Андреас Паличка (Шведска)