Точно пред 21 години, на 8 декември 1991 година Црвена Ѕвезда стана светски фудбалски шампион. Во финалето на Интернационалниот Куп беше поразен шампионот на Јужна Америка, чилеански Коло Коло со 3:0.
И по две децинии сите се сеќаваат на головите на Владимир Југовиќ кој се запиша два пати во листата на стрелци и големиот триумф го најави Дарко Панчев, еден од хероите во Бари кога Ѕвезда ја освои лигата на Шампионите.