ВИДЕО: Чикаго поведе против Бруклин во НБА плеј-офот

Од:

Екипата на Чикаго поведе во плеј-офот од НБА лигата против Бруклин со 2-1 во победи, откако ноќеска славеше со 79:76. Тандемот на „биковите“ Карлос Бузер и Луол Денг натпреварот го заврши со „дабл-дабл“ ефект.

Овие двајца играчи беа најзаслужни за втората победа на Чикаго во серијата подобар од седум. Бузер постигна 22 поена и имаше 16 скокови, додека Денг имаше 21 поен и 10 скокови.

Кошаркарите на Мајами се на една победа до 2.коло во разигрувањето за титулата. Тие поведоа со 3-0, откако и во третиот натпревар го победија Милвоки со 104:91.

Тимот на Мемфис ја постигна првата победа над Лос Анџелес Клиперс со 94:82 и намали во серијата на 2-1.

Вечерва се играат три натпревари: Бостон – Њујорк (0-2), Лос Анџелес Лејкерс – Сан Антонио (0-2) и Голден Стејт – Денвер (1-1).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ