ВИДЕО: Чикаго ја прекина серијата и на Њујорк

Од:

На еден од двата натпревара во НБА лигата одиграни ноќеска, Чикаго на домашен терен по продолжение го совлада Њујорк со 118:111 и со тоа ја прекина и неговата серија од 13.победи. Претходно „биковите“ ја запреа серијата и на кошаркарите на Мајами кои имаа 27 победи во низа.

Кај победникот најуспешен беше Нејт Робинсон со 35 поени, додека Кармело Ентони реализираше 36 поени што е негов шести натпревар по ред да постигнува 35 и повеќе поени.

На вториот натпревар Оклахома Сити го победи Голден Стејт со 116:97. Најдобар на теренот беше Кевин Дјурант со 31 поен и 10 скокови.

Вечерва се играат 12 натпревари: Торонто – Чикаго, Вашингтон – Филаделфија, Индијана – Бруклин, Атланта – Милвоки, Мајами – Бостон, Детроит – Шарлот, Кливленд – Њујорк, Њу Орлеанс – Лос Анџелес Клиперс, Хјустон – Мемфис, Далас – Денвер, Сан Антонио – Сакраменто, Јута – Минесота, Портланд – Оклахома Сити и Лос Анџелес Лејкерс – Голден Стејт.

Пласман Источна конференција: Мајами 62-16 (победи – порази), Њујорк 51-27, Индијана 49-29, Бруклин 46-32, Чикаго 43-35, Атланта 43-36, Бостон 40-38, Милвоки 37-41,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 58-21, Сан Антонио 57-21, Денвер 54-24, ЛА Клиперс 52-26, Мемфис 53-25, Голден Стејт 45-34, Хјустон 44-34, ЛА Лејкерс 42-37, Јута 41-38,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ