Фудбалерите на Челзи ќе се сретнат со мексиканскиот Монтереј во полуфиналето од Светското клупско првенство што се одржува во Јапонија.
Монтереј во четвртфиналето го победи Улсан од Јужна Кореја со 3:1 и на тој начин се избори за дуел со европскиот шампион.
Полуфиналниот дуел помеѓу екипите на Монтереј и Челзи се игра во четврток во Јокохама.
Во вториот полуфинален натпревар ќе се сретнат бразилскиот Коринтијанс и Ал Ахли од Египет кој славеше во дуелот со Хирошима со 2:1.