Уште во авионот накај Букурешт македонските навивачи започнаа со славење и пеење пред дебитантскиот настап на Македонија на Европското првенство, каде со почеток во 18 часот на Националната арена Букурешт македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи со австриската.
Дождот не ги спречи стотиците македонски навивачи низ улиците на Букурешт да заиграат оро, нагрнати со македонското знаме, да пеат македонски песни, да палат факли. Романската престолнина буквално се обои во црвено-жолта боја, нешто што го поттикна вниманието и кај странските и кај тамошните медиуми кои го следат европското првенство.
Навивачите се упатени накај Националната арена, каде што ќе го чекаат почетокот на натпреварот.
„Ќе навиваме додека не држи глас“, изјавуваат дел од нив за „А1он“.
Проценките дека над 4.000 навивачи се во Букурешт за да ја дадат поддршката на македонската фудбалска репрезентација. Фудбалската федерација на Македонија додели 1.500 карти.