Сите навивачи на Италија тагуваа што не ја искористија ситуацијата која им беше понудена откако двајца германски фудбалери ги промашија пеналите. Италија имаше предност од 2:1 но следуваа две промашувања и од Италијаните.
Емоциите најмногу го преплавија легендарниот голман на Италија, Буфон, кој ги држеше во игра Италијаните и тогаш ога Германците доминираа.
По завршување на средбатаи откако стана свесен за пропуштената прилика, Буфон се “скрши“. Отиде под трибините да им се заблагодари на навивачите, но не можеше да ги додржи солзите. Видеото со голема брзина се рашири на интернет со оглед дека досега никој немал прилика да го види Буфон во такво емотивно издание.
Тој не беше единствен што плачеше. Солзи имаше и кај 35 годишнот Андреа Барзали, кој во текот на интевјуто веднаш по натпреварот, почна да плаче.