ВИДЕО: Брутален нокаут во САД ги „освои“ социјалните мрежи

Од:

На синоќешниот настан „Xtreme Fighting Championship 52“ во Ајова, САД, имаше спектакуларен нокаут, кој веднаш ги „покори“ социјалните мрежи.

Дебитантскиот настап на 25-годишниот Американец Јарон Латроп ги воодушеви сите љубители на овој спорт, бидејќи тој брутално го нокаутира Украинецот Евгениј Шинкаревски.

Шинкаревски настапуваше под знамето на Израел и досега има две победи без пораз, но во мечот со Латроп не издржа ниту едно коло.

Латроп ја заврши борбата со фантастичен потег во првата рунда, а откако Шинкаревски го фати неговиот „среден удар“, со неверојатна техника се врти и со десната нога го удри противникот во глава.

Бидејќи се уште беше свесен, Латроп се втурна кон него и ја заврши работата со дополнителни удари.

Сето ова предизвика неверување кај коментаторите, како што може да се види на видео клипот вклучен во текстот.

Би можело да ве интересира

Започнува егзотиката на Африканскиот куп на нации

Усман Дембеле е најдобриот фудбалер во светот за 2025 година

Извлечени сите групи за Светското првенство во фудбал

ФИФА на Трамп му ја додели наградата за мир

Предраг Петровиќ

Интер се извлече – Лаутаро човекот на одлука во Пиза

Ливерпул го „дочека“ Исак – и победа во Лондон

Предраг Петровиќ