На натпреварот помеѓу Денвер и Лос Анџелес Лејкерс имаше гужва на трибините. На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледаат како браќата на Никола Јокиќ влегуваат во клинч со едeн обожавател. Не се знае дали се работи за навивач на Нагетс или Лејкерс, но таму беше и семејството на Јокиќ.
Во еден момент Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола, жестоко се скарал со некој од трибините, тргнал кон него, прво се обидел да го удри со нога, а потоа го удрил во брадата. Другиот брат на Јокиќ Немања веднаш интервенирал за да го смири Страхиња, а таму биле сопругата на Никола, Наталија и ќерката Огњена.
@cgallegos67